СДСМ: Од септември за 10 отсто поголеми плати за вработените во високото образование

УКИМ
Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

СДСМ и институциите што ги предводи продолжуваат со вистинска грижа за образованието и наставниот кадар.

Министерството за образование и наука за прв пат потпиша Колективен договор со Самостојниот синдикат за образование, на кој се приклучи и Независниот академски синдикат.

Со овој Колективен договор веќе од септември, вработените во високото образование ќе добијат покачување на платите за 10 отсто, а ќе им биде исплаќан и минат труд кој досега го исплаќале само некои од установите.

Колективниот договор ги нормира и унапредува правата на работен однос во секторот високо образование и наука меѓу кои: вработување, унапредување, право на годишен одмор, права на платено и неплатено отсуство, право на отпремнина, заштита од отказ, услови за парична помош, синдикална организација.

Во договорот е дефиниран и начинот на пресметување на платите, кој се базира на степенот на сложеност и одговорност на работното место, изразен како коефициент во однос на просечната државна плата, со што се обезбедува постојан раст на платата, која ќе се зголемува заедно со просечната плата.

Ова е пример за успешно партнерство меѓу Министерството и професорската фела, како и потврда за грижата на институциите за високото образование.

СДСМ како одговорна партија продолжува со креирање и имплементација на мерки и политики во интерес на граѓаните, се вели во соопштението на СДСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот