СДСМ: Обвинети во „Криминални парцели“ биле донатори на ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска

СДСМ со соопштение објави дека обвинети и осомничени во аферата „Криминални парцели“ се донатори на ВМРО-ДПМНЕ:
Последните информации кои излегоа во јавноста покажуваат дека обвинети и осомничени во аферата „Криминални парцели” со која се проневерени 1,6 милиони евра се донатори на ВМРО-ДПМНЕ, но и кампањата на Арсовска.
Орце Тодоровски, Дарко Тодоровски, Влатко Илиевски, Мирослав Митрески се на листите на донатори на ВМРО-ДПМНЕ, а Орце Тодоровски и на листата на донатори на Данела Арсовска.
Мицкоски треба да излезе пред граѓаните и да каже каде завршиле украдените пари од „Криминални парцели”?
Дали Мицкоски ја искористил познатата шема на неговиот ментор Никола Груевски и преку својот телохранител ги затскривал трагите за испумпување на пари од ЕВН, како што Груевски правеше со плацовите на Водно?
Овие сомнежи за коишто говориме се основани по сите информации кои изглегоа во јавноста дека станува збор за криминална шема.

СДСМ – Центар за комуникации со јавноста

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот