СДСМ објави листа на најголемите достигнувања на Ковачевски: поголеми плати и пензии, инвестиции и успешно справување со кризата

Димитар Ковачевски
Димитар Ковачевски / Фото: Скриншот

„ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се очајни што нивните градоначлници ништо не работат, што блокадите не им успеваат и што Владата предводена од Ковачевски има видлив резултат за само 100 дена“, се вели во соопштението од владејачкиот Социјалдемократски сојуз, испратено до медиумите.

Партијата објави листа на најголемите достигнувања на владата на Ковачевски во првите сто дена:

„1. Највисок раст на минималната на 18.000 денари;

2. Историски најголемо зголемување на пензиите;

3. Историски најголемо покачување на платите во образованието од 15%;

4. Раст на просечната плата која достигна 30.000 денари

5. 400 милиони евра за помош на граѓаните и компаниите;

6. Субвенионирање на цената на струјата, имаме најниска цена во регионот;

7. 26 мерки за заштита на стандардот на граѓаните;

8. Дополнителна финансиска помош од по 1.000 денари месечно за пенизонерите;

9. Финансиска помош од 1.000 денари за ранливи граѓани;

10. Интервентен фонд за земјоделците и Национален план за храна

11. Намалени цени на 230 лекови

12. Енергетска транзиција, нова фотоволтаична електрана Осломеј

13. Нов 400 киловолтен далекувод вреден 17,2 милиони евра

14. Почеток на гасниот терминал Александрополи

15. Успешно справување со кризата, нема недостаток на ништо, нема застој во исплати;

И додека Владата предводена од СДСМ и Ковачевски сето ова го реализираа за помалку од четири месеци, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ:

1. Блокади

2. Одбара на криминал

3. Неспособни градоначлници“, велат од СДСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот