СДСМ не смее да го загрози правото со отстапки кон ВМРО-ДПМНЕ

Во утрешниот број на изданието на „Слободен печат“ читајте:

Во утрешниот број на печатеното издание на весникот „Слободен печат“ читајте ја темата „Подобро без закон отколку без предметите на СЈО“ и како СДСМ не смее да го загрози правото со отстапки кон ВМРО-ДПМНЕ.

Дали и колку лидерот на СДСМ Зоран Заев ќе се труди да ги задоволи барањата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која објави дека нема да гласа за ниедна варијанта на текстот на законот? Предметите на Специјалното јавно обвинителство не треба да бидат доведени во прашање по никоја цена, сметаат аналитичарите.

Во новиот број на „Слободен печат“, читајте и за предизборните приказни, односно како како едните ќе не прават технолошки џин, а другите економски тигар на Балканот, за партиското финансирање, и за иницијативата на „О2“ од каде велат дека треба да се забрани увозот на отпад наменет за согорување.

Утрешното издание ги нуди и колумните на Весна Дамчевска, Сашо Орданоски, Бошко Нацевски, Светомир Шкариќ, Анета Додевска, Ѓорги Спасов.

Од останатите теми, во „Слободен печат“ теми и за тоа дека Шилегов нема да дозволи повторно никнување на дива населба под Кале, светската битка против корона вирусот и за главната фаза на Европското првенство во ракомет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот