СДСМ: Не гледаме потреба од лидерска средба

Фото: mia.mk

Не гледаме потреба од лидерска средба, особено со човек кој нема став за ниту едно важно, национално или стратешко прашање, изјави денеска портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. Како што рече Кузеска на прес-конференција, Мицкоски не е за договор на било која тема, тој бара начин само како наштети на државата, особено на процесите кои не водат кон Европската Унија (ЕУ).

– Македонскиот јазик, македонскиот идентитет и посебност се меѓународно потврдени и признаени од целиот свет. Со нашиот сосед, Бугарија, имаме Договор за соработка и добрососедство, кој патем е потпишан и на македонски јазик. Очекуваме во духот на овој Договор, да продолжиме заеднички да ги градиме односите. За темите кои произлегуваат од Договорот изразуваме волја да ги решаваме преку работата на комисиите кои имаат надлежност за тоа, рече Кузеска.

Претходно, на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски го повтори повикот што вчера јавно го упати неговиот лидер, Христијан Мицкоски, за одржување лидерска средба на која би се ставиле на маса „сите важни прашања”.

Мицкоски јавно повика на лидерска средба на која, освен за разговорите со Бугарија, би се разговарало и за пописот, економијата, образованието.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот