СДСМ: Нашите политики обезбедија стабилна иднина со загарантиран и признаен идентитет и јазик

Владата предводена од СДСМ преку одговорни и сериозни политики обезбеди сигурна и стабилна евроатлантска иднина на државата со загарантиран и признаен идентитет и јазик, тврдат од партијата.
Никаде во светот не се преговара за идентитет и за свој мајчин јазик и во ниту еден момент никој нема намера да преговара за идентитетот, јазикот и правото на самоопределување. Граѓаните застанаа зад СДСМ, избраа европска иднина, избраа да носат храбри и патриотски одлуки, кои конечно ја движат македонската држава и целиот македонски народ кон исполнување на стратешките цели, додаваат оттаму.
СДСМ посочува дека резултатите од нивните политики се видливи на дело, за само три години станавме членка на НАТО со лична карта како македонски народ и македонски јазик, еднакви и рамноправни, рамо до рамо со најмоќните земји во светот, а истовремено, целосно го заштитивме идентитетот и ги зачувавме државните и национални интереси.
Интеграцијата на Република Северна Македонија во ЕУ нема алтернатива. Евроатлантските интеграции на државата значат стабилност, траен  мир, инвестиции, повисоки плати, нови работни места, младите да ја градат иднината дома, европски вредности, за подобар живот за сите граѓани, се додава во писменото соопштение од партијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот