СДСМ: Наместо развој и решавање на проблемите, аеродромци добиваат долг од 5,4 милиони евра

Фото: Општина Аеродром

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ со обврзници ги задолжува општините на штета на граѓаните

Градоначалникот на Аеродром Тимчо Муцунски успеа за само една година, Аеродром од најбогата општина, да го доведе во долгови и започна постапка за задолжување на општината со долгорочна денарска обврзница од 5,4 милиони евра. Притоа, како што соопшти СДСМ, не се знае колкава ќе биде каматата, ниту кој ќе ја купи обврзницата, дали тоа може да биде некоја голема градежна фирма, која после ќе диктира промена на детални урбанистички планови во нејзина корист и на тој начин општината ќе стане нејзин заложник.

Наместо развој и решавање на проблемите, аеродромци добиваат долг од 5,4 милиони евра кој ќе го враќаат во следните 10 години. Од овој месец, Општина Гевгелија, а од претходно и општините Прилеп, Охрид, Битола, Штип и Радовиш драстично ги зголемија цените на комуналните услуги со што дополнително удрираат врз стандардот на граѓаните. Прекинати проекти, партизација и задолжување на општините и удар врз џебот на граѓаните, тоа е сработеното на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ во првата година од нивниот мандат – велат од СДСМ.

Оттаму додаваат дека одлика на работата на градиначалниците на ВМРО-ДПМНЕ е неодговорност, неспособност, нефункционалност на општините, покачување на цените комуналните услуги и задолжување со обврзници.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот