СДСМ: Мнозинството пратеници се за напредок и продолжување на европските интеграции

Фото: СДСМ

Социјалдемократскиот сојуз издаде соопштение во кое се вели дека мнозинството пратеници во Собранието се „се за напредок и за задржување на вистинскиот пат на земјата“.

Еве го во целост соопштението на СДСМ:

„Се потврди она што го говоревме, изјавите дека пратеник бил киднапиран беа несериозни, неодговорни односно чиста невистина.

Лагите на Мицкоски и Апасиев и нивните обиди да ја закочат земјата не проаѓаат во Собранието и тоа е добрата вест.

Ја поздравуваме најавата на господинот Кастриот Реџепи, мнозинството пратеници се за напредок, за задржување на вистинскиот пат, за продолжување на европските интеграции, за добри односи со соседите и стабилни меѓуетнички односи, за економска сигурност.

СДСМ е отворена за соработка со сите демократски сили и пратеници, заедно да обезбедиме продолжување на напредокот на земјата.

Стабилноста на земјата е обезбедена. Народот може да биде спокоен“, пишуваат од владејачката партија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот