СДСМ: Мицкоски уште еднаш покажа дека е голем незнајко и голем манипулатор

СДСМ смета дека денешната прес-конференција на Мицкоски била полна со демогогии и лаги на тема енергетика. Тој, според нив е најлошиот директор на ЕЛЕМ и советник за енергетика на Никола Груевски, во чие време, како што велат, цената на струјата пораснала до 100 отсто.

-Мицкоски денес уште еднаш покажа дека е голем незнајко и голем манипулатор. Тој во едно исто обраќање цената на струјата најпрво ја споредуваше најпрво со висината на платите во земјата, за потоа да ја споредува со светските цени на продажба на струја. Овие две споредби се неспоиви, а Мицкоски до сега требало да знае дека струјата има и свои светски, берзански цени и токму поради тоа нејзината цена ја утврдува независна регулаторна комисија. Сепак, ако толку сака да ги споредува и висините на платите, Мицкосkи треба да научи дека во време на ВМРО-ДПМНЕ и во негово време цената на струјата имаше највисок раст од 100%, а во време на СДСМ цената на струјата остана непроменета цели три години, додека платите имаа највисок раст во историјата на земјата. Оттука, раст на струја од 7% за три години е неспоредливо со растот на струја од 100% за нивните 10 години- се вели во писмената реакција на СДСМ.

Оттаму потсетуваат, дека токму ВМРО-ДПМНЕ на Мицкоски ја укинале евтината тарифа на струјата, што било претпоставка за сериозно дополнително зголемување на сметките на корисниците.

-СДСМ беше и натаму останува позади својата политика за евтина тарифа на струја, а Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се тие кои ја укинуваа евтината тарифа на струјата- стои во реакцијата на СДСМ.

Инаку, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изјави дека во услови на криза поради ковид-пандемијата, поскапувањето на стријата е удар врз стандардот и е грабеж на граѓаните кои сега, според него, се втурнати во уште поголема сиромаштија.

Мицкоски: На пратеници од ВМРО-ДПМНЕ им биле понудени шест-седум цифрени суми и ветувања за привилегии

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот