СДСМ: Мицкоски се крие зад соопштенија за да не одговори со кои странски центри соработува

Скопје, 26 август 2020 / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

ДПМНЕ измислува оправдувања и непостоечки работи за да го сврти вниманието на јавноста и да не одговори кој му ја дал информацијата на Мицкоски дека наводно викендов се распрачувала Македонија., велат од владејачката партија.

-Мицкоски се крие зад соопштенија за да не одговори со кои странски центри соработува и дали директно или преку посредници работи против сопствената држава. Во време кога се наоаѓаме во многу важен период за македонската иднина, за членството во ЕУ но и иднината на државата граѓаните очекуваат Мицкоски да излезе и да одговори зошто овие серизони обвинувања не ги пријавил кај надлежните служби. ВМРО-ДПМНЕ, предводено од хистеричниот Мицкоски, работи против сопствената држава,  масовно шири невистини, пласира лажни вести, поттикнува конфликти, нетолеранција и поделби- велат во соопштението од СДСМ.

Граѓаните, потенцираат оттаму, знаат кој им штети на државните и национални интереси и затоа ДПМНЕ и Мицкоски уште долго ќе бидат во опозиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот