СДСМ: Мицкоски самиот тврдеше дека е против техничка Влада по Пржински модел

ВМРО-ДПМНЕ и најголемиот шпицен аутсајдер Мицкоски по изборниот пораз го достигнуваат врвот на сопствената дезориентација. Политичката катастрофа на Мицкоски се темелеше на тоа што тој немаше став за најкрупните политички прашања важни за државата, наведуваат во соопштение од владејачката партија СДСМ.

-Но, од синоќа Мицкоски гази во нов негативен феномен, а тоа е заборавањето или газењето врз сопствениот збор. Среде телевизиско соочување во кампањата,  самиот тврдеше дека е против техничка Влада по Пржински модел, за вчера преку партиско соопштение да се противи на најавата за укинување на Пржинската влада. Очигледно е дека кај Мицкоски има нов проблем, освен што не знае политика, економија и енергетика, почнал и да заборава и да гази врз клучни работи кои самиот тој јавно ги кажал. Еве нов предизвик за Мицкоски и помош за него да си достои на зборот: памети ли шпицниот аутсајдер Мицкоски дека пред цела јавност вети оставка на функцијата во партијата доколку ги изгуби изборите или доколку не направи Влада?- запрашуваат оттаму.

Време е Мицкоски, потенцираат од партијата, исправи се, погледни си во очи и потсети се на твоето ветување пред изборите – политичарите се големи онолку колку што имаат јасно дефиниран став и онолку колку што стојат на сопствениот збор. Голем е твојот пораз Мицкоски, исполни си го твоето големо ветување – оставка!

ВМРО-ДПМНЕ: Оваа крими коалиција е со времен рок на траење и за еднократна употреба

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот