СДСМ: Мицкоски саботира сложена полициска акција со јавно објавување на информации

фото Архива

Расте нервозата во белиот дворец откако Христијан Мицкоски повторно, по којзнае кој пат не успеа да го одбрани криминалот. Ниеден обид на ВМРО-ДПМНЕ за извртување на вистината не може да го сокрие фактот дека токму Мицкоски се обиде да саботира сложена полициска акција преку јавно објавување на информации.

„Како што објави и самото Министерство за внатрешни работи, истрагата за пасошите се води подолг период бидејќи се преземаат дејствија кои имаат и меѓународни импликации. Заради лични интереси Мицкоски се обиде да загрози полициска акција и соработка на нашата полиција со стратешките партнери. Мотивите и целите за ваквите постапки треба да ги даде независна и професионална истрага пред надлежните инситуции“, додаваат од СДСМ. 

Од владејачката партија велат оти опозицијата шири лажни вести и поради тоа нема да можат уште долго да дојдат на власт.

„ВМРО-ДПМНЕ е симбол за фалсификувани патни исправи, Мицкоски е симбол за бранител на криминалот и тоа е докажано многу пати досега. Токму заради таквото однесување Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ шест пати се казнувани од граѓаните на избори и токму заради таквоот однесување уште долго ќе останат во опозиција. Затоа што освен одбрана на криминал и ширење лажни вести ништо друго не знаат и не можат да понудат“, се додава во партиското соопштение. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот