20.8 C
Скопје

СДСМ: Мицкоски не може да се помири што правдата стигна

Христијан Мицкоски секојдевно докажува дека е единствен и најголем бранител на криминалот и криминалците. Тој не може да се помири што денес правдата е еднаква за сите, секој што се огрешил пред законот – одговара, нема повеќе недопирливи.
За разлика од времето на режимот кога од белиот дворец се нарачуваа и пишуваа судски пресуди, денес институциите работат професионално, независно и неселективно кон секое прекршување на законите.
Затоа за Мицкоски е проблем што денес за разлика од времето на режимот, нема недопирливи, нема групи и поедници кои се над законите и нема однапред осудени, без разлика дали станува збор за претставници на опозицијата, на власта или било кој граѓанин.
Лажни вести, блефирања и дејствување на штета на граѓаните е се што нуди докажаниот губитник Мицкоски.
Негова пуста желба е да дојде на власт со идеи за неправди и нови конфликти, а негова  сурова реалност е тоа што губи на секој изборен циклус.
Мицкоски е поразен политичар без став, без идеја кој не донесе ништо ново, тој е срам за десницата во Северна Македонија.

Центар за комуникации, СДСМ

Поврзани вести

Мекафи се самоубил

Слободен печат

Логар: Европската иднина на Западен Балкан е меѓу приоритетите на словенечкото претседателство со ЕУ

Слободен печат

Со нож избодела сестрата близначка

Слободен печат

ВИДЕО | Торнадо ја опустоши Јужна Моравија: Автомобили паѓаа по куќи

Слободен печат

Спасовски домаќин на „Регионалниот патоказ за борба против корупција и нелегални финансии” во Охрид

Слободен печат

ВИДЕО | Безмалку 100 исчезнати во урнатата зграда на Флорида

Слободен печат

Остави Коментар