СДСМ: Мицкоски ја блокира работата на Собранието на штета на граѓаните

Мицкоски сака да ја блокира земјата, да ја блокира иднината ама не може. Мицкоски сака да ја блокира работата на Собрание за да не се носат закони важни за граѓаните, велат од владејачката партија СДСМ.

-Мицкоски се обидува да ги блокира ваучерите од 6.000 денари за пензионерите, корисниците на право на социјална сигурност, самохрани родители, деца без родители, уметници, филмски работници. Мицкоски се обидува да ја блокира финансиската поддршка за намалување на ковид последиците за земјоделците и лозарите. Мицкоски е толку неспособен што не знае да менаџира ниту со неговата партија која ја доведе пред стечај. Со блокирани сметки и замрзнати недвижности, меѓу кои и мегаломанското квази барокно здание, белиот дворец- се вели во соопштението од СДСМ.

Хистеричниот Мицкоски, велат оттаму, одработува за странски интереси на штета на својот народ но нема да успее.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот