СДСМ: Мицкоски и неговото ВМРО-ДПМНЕ правеа сè за да го отежнат патот на државата кон ЕУ и НАТО

Скопје, 26 август 2020 / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Народ веќе му се случи на очајниот Христијан Мицкоски, граѓаните веќе три пати ги поразија неговите антидржавни политики, возвраќаат од СДСМ на прес-конференцијата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кој рече дека ако власта постигне договор кој не е во интерес на националните интереси ќе ѝ се случи народ.

-Мицкоски треба веднаш да му честита на премиерот Зоран Заев и на Владата предводена од СДСМ, бидејќи за само три години имаме земја 30-та членка на НАТО и отворени перспективи кон ЕУ. Граѓаните знаат дека Мицкоски е антизападен и антинароден политичар кој сака да ја врати државата назад во изолација и режим. Три години губитникот Христијан Мицкоски и неговото ВМРО-ДПМНЕ правеа сè за да го отежнат патот на државата кон ЕУ и НАТО, а денес истиот тој Мицкоски глуми дека е за членство во ЕУ– велат од СДСМ.

Социјалдемократите додаваат дека нивните ставови се јасни, а политиките во изминатите три години се конзистентни и нашиот идентитет е „цврст како бетон“, а јазикот признаен како еден од јазиците на ЕУ и е запишан во Обединетите нации.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, пак, на денешната прес-конференција порача дека следните неколку дека се многу значајни и апелираше до Владата во прв план да ги стави стратешките и националните интереси, а ако постигне договор со кој би се самонегирале, порача дека ќе ѝ се случи народ.

ВИДЕО | Мицкоски: Ќе честитам прв ако се постигне договор со Бугарија, но ако се направи предавство, ќе се случи народ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот