СДСМ: Мицкоски глуми загрижен, а тој е одговорен за поскапување на струјата за 100 отсто

Скопје, 26 август 2020 / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Мицкоски има директна одговорност што цената на струјата се покачи за 100 отсто за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ.

– Зголемување на цената на електричната енергија за 100 отсто, укинување на евтината тарифа на струјата, зависност на државата од увоз на струја се достигнувањата на Христијан Мицкоски како директор на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ/ЕЛЕМ) и советник за енергетика на Никола Груевски, посочуват од СДСМ.

Христијан Мицкоски како најнеспособниот директор на ЕСМ, како што посочуваат од СДСМ, водел најлоша енергетска политика и наместо на граѓаните мислел само на своите бизниси со хидроцентралите, кои ги добил од владата во која беше советник и кои профитирале безмалку милион евра.

– Затоа е лажна неговата загриженост за цената на струјата и затоа е лицемерен неговиот протест денеска кој е со единствена цел – да си ја одбрани фотелјата во белиот дворец, велат од СДСМ.

Оттаму уште додават дека за разлика од  неодговорниот однос на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, сега ЕСМ  не купува електрична енергија, туку продава енергија на европските пазари и за две години продаде енергија во вредност од 40 милиони евра.

– Оваа компанија сега има добивка од 80 милиони евра, за разлика од загубите во времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните денес користат дневна евтина тарифа на струјата, истата онаа што Мицкоски ја укина и на чие повторно воведување, ВМРО-ДПМНЕ силно се противеше потецираат од СДСМ.

Пазарот на електрична енергија според СДСМ денес е либерализиран за сите потрошувачи, вклучувајќи ги и домаќинствата и преку моделот на универзален снабдувач се штитат граѓаните од пазарен ценовен шок.

Воедно од СДСМ сметат дека Мицкоски покажа дека не го бидува за ништо освен за одбрана на криминал и остварување на сопствените бизнис интереси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот