СДСМ: Мицкоски ги промовира ставовите на Бугарија, со барањето за нов Договор со Бугарија

СДСМ / фото: Архива на Слободен Печат

Владејачката партија СДСМ излезе со реакција по вечрашното интервју на лидерот на опозицијата, Христијан Мицоски. Тие велат дека Мицкоски по шест порази на избори, продолжува да работи спротивно на интересите на граѓаните и државата.

-Мицкоски шест пати паѓа на испитот пред граѓаните и редно е да ја научи лекцијата: Граѓаните му го свртеа грбот, не му веруваат затоа што е препознаен како извор на лажни вести, препознаен како единствен кој е на браникот на криминалот. Мицкоски и денеска ги промивира ставовите на Бугарија, со барањето за нов Договор со Бугарија, став што е сосема спротивен на нашите државни позиции и на директна штета на државните интереси. Може Мицкоски да бара алиби за изборните порази колку сака, може да се обидува да блокира и кочи колку сака, тој нема да успее да го закочи напредокот, нема да успее да ги закочи реформите важни за државата и граѓаните.- велат од СДСМ.

Очен е Мицкоски затоа што деструкцијата не му успева, велат оттаму, затоа што неговите политики постојано се поразувани. Последен пример е вчерашниот обид на ВМРО-ДПМНЕ преку бојкот, преку опструкции да спречи носење на Буџетот за 2021 година во Собранието, кои не успеаја.

-И наместо да и се извини на јавноста, Мицкоски во очај се фали со илјадниците амандмани на ВМРО-ДПМНЕ и најавува нови блокади во Собранието. Со таквото однесување Мицкоски уште долго ќе биде во опозицијата затоа што граѓаните се напредок, за развој, за интерграција и нема да дозволат ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да ги вратат назад, во изолација и неизвесност- велат од СДСМ.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашното интервју на МТВ јасно го кажа ставот на партијата во однос на прашањето со Бугарија.

Според него ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да преговара за идентитетот, а ако Бугарија продолжи со своите барања, треба напуштање на овој Договор.

Мицкоски: Ако Бугарија продолжи со своите барања, за нас Договорот ќе биде мртов

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот