СДСМ: Мицкоски да ги повика на одговорност сите обвинети од ВМРО-ДПМНЕ

„Откако ги призна сите криминални злодела на ВМРО-ДПМНЕ предводена од неговите ментори Никола Груевски и Сашо Мијалков, Христијан Мицкоски да ги повика на соочување со одговорност сите во белиот дворец против кои се водат судски предмети.

Цели три години Мицкоски е на браникот на криминалот, работи против правдата, против судска разрешница на предметите на СЈО во кои се и Груевски и Мијалков ама и Милошоски и Орце Камчев и многу други.

ВМРО ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се симболот на криминалот, корупцијата и неправдата.

Граѓаните ова многу добро го знаат.

Како што и досега не успеа во својата намера, нема да успеат ниту овој пат, одговорност ќе има за сите до еден.“, соопшти СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски да си даде оставка веднаш

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот