СДСМ: Мицкоски повторно промовира проекти на наши градоначалници, ДКСК молчи

СДСМ
СДСМ / Фото: МИА

Денеска Христијан Мицкоски повторно промовираше проект оставен од претходните градоначалници од редовите на СДСМ, велат од владејачката СДСМ.

Проектот во Охрид на кој денеска Мицкоски како партиски лидер учествуваше е проект изработен од претходната општинска администрација предводена од Константин Георгиевски и СДСМ, со поддршка од Министерството за транспорт и врски, се вели во соопштението.

Од СДСМ бараат Државната комисија за спречување на корупцијата да реагира за оваа „злоупотреба“.

Мицкоски со неговите увиди врши груба партизација на општините. Во кое својство Мицкоски врши увиди па дури и разговара со директори на Јавни претпријатија под надлежност на општините?, се наведува во соопштението

СДСМ вели дека Мицкоски со ваквите постапки само докажува дека не е излезен од режимската матрица, од времето кога лидерот на ВМРО-ДПМНЕ беше и премиер и министер и градоначалник.

Ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски е само копија на неговиот ментор и криминалец во бегство, Никола Груевски, велат од СДСМ.

Видео на денот