СДСМ: Мицкоски бара избори за да ја прикрие неспособноста на неговите градоначалници, избори ќе има во 2024

СДСМ партиска зграда/ Фото: "Слободен печат", Драган Митрески

Владејачкиот Социјалдемократски сојуз реагира на вечерашното интервју на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за ТВ Сител.

Еве го во целост соопштението од СДСМ:

„Со денови Христијан Мицкоски ја малтретира јавноста со барање за брзи предвремени избори, заради задоволување на своите лични желби.
Нервозен е Мицкоски затоа што јавноста гледа дека неговите градоначалници не само што не работат, туку уште во првите месеци се фрлија на расипништво и партизација на општините. Затоа Мицкоски со секојдневни барања за избори, со нарачани анкети сака да го оттргне вниманието од неспособноста на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, на чело со Данела Арсовска.

Новата Влада со полн легитимитет се формираше пред пет дена и нејзиниот мандат е до 2024 година, Мицкоски може да бара избори колку што сака, избори ќе има во редовниот термин, во 2024 година. Граѓаните се уморни од избори и бараат решавање на проблемите а не ново заглавување и закочување на државата. Барањето на Мицкоски е обид за опструкција на општеството.

Христијан Мицкоски е најмалку повикан да зборува за енергетиката и енергетската криза. Двојно зголемување на цената на струјата, укинување на евтината дневна тарифа, честите повеќедневни испади на енергетската мрежа се резултатите од неговото долгогодишно директорување со ЕСМ и советување на Никола Груевски. Наместо идеи предлози, се што прави Мицкоски се несоновани критики и обвинувања“, велат од владејачката партија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот