СДСМ: Македонците не се хистеричен народ, хистеријата е само кај Мицкоски

сдсм централен заев рада љупчо
Централен одбор на СДСМ, Фото: Слободен печат

Откако призна за самиот себе си дека е хистеричен, Мицкоски ги навреди граѓаните, ги навреди Македонците, без срам и перде за хистеричен го прогласи целиот македонски народ, реагираат од СДСМ.

,,Тоа воопшто не е точно и Мицкоски е најсоодветно да се извини. Македонците не се хистеричен народ, хистеријата е само кај губитникот Мицкоски. Губитникот Христијан Мицкоски е осамен и изолиран во сопствената хистерија, во сопствениот очај. Тоа се гледа на секој негов таканаречен протест, каде има се помалку негови поддржувачи. Најавите за некакви блокади на државата не се ништо ново, тоа е единствената желба на губитникот Мицкоски, да ја закочи државата, да го закочи напредокот, членството во ЕУ. Но нема да успее очајниот Мицкоски.  Граѓаните застанаа зад СДСМ, избраа европска иднина, избраа да носат храбри и патриотски одлуки, кои конечно ја движат македонската држава и целиот македонски народ кон исполнување на стратешките цели, со зачуван македонски идентитет, велат од партијата во соопштение.

Оттаму додаваат дека Мицкоски често е деструктивен по државните и националните интереси.

,,Мицкоски, граѓаните често те прашуваат зошто си толку деструктивен по државните и национални интереси а ти не знаеш што да одговориш. Одговорот е едноставен: Ти самиот не знаеш и не можеш да понудиш ништо, затоа што немаш став. Мицкоски, ти не си го познаваш народот, затоа народот те казни и сега во опозцијата, се вели во реакцијата од СДСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот