СДСМ: Кога беше ВМРО-ДПМНЕ на власт, струјата поскапе 100 отсто

СДСМ партиска зграда Фото: "Слободен печат", Драган Митрески

За време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ цената на електричната енергија за домаќинствата се зголеми за 100 отсто, а добар дел од овој период Христијан Мицкоски беше советник за енергетика на Никола Груевски, а потоа и директор на ЕСМ, реагираат од СДСМ на денешната прес-конференција на Стевче Антовски, член на комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ.

Според владеачката партија, ВМРО-ДПМНЕ е партијата која ја укина дневната евтина тарифа и тоа во време кога немаше глобална енергетска криза, а потоа како опозиција се противеше на нејзиното повторно воведување.

-Исто како и за време на пандемијата ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се обидуваат и од глобалната енергетска криза да профитираат политички измислувајќи конструкции и плашејќи ги граѓаните дека цената на струјата ќе се зголеми помеѓу 30 и 40 отсто, стои во партиското соопштение од „Бихаќка“.

Антовски денеска обвини дека Бислимовски во изјавите на телевизиите убедувал дека сегашното укинување на евтината тарифа не треба да се политизира, дека сето тоа не е политичка одлука.

-Исто така, во неговите интервјуа нẻ убедува дека евтината тарифа ја има само во некои бивши југословенски републики, ја нема во Европа, па затоа треба да се укине. Истиот човек кој едно зборуваше во 2017тагодина, сосема друго зборува во 2021та година“, рече Антовски.

Тој смета дека со укинувањето на евтината тарифа од 14 до 16 часот народот ќе остане „со уште пократок џеб“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот