СДСМ ќе предложи нов пакет мерки за заживување на економијата

-Во духот на солидарноста, социјалната еднаквост и праведност, грижа за секое работно место и секој работник, напиша Заев на својот фејсбук профил.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на својот фејсбук профил соопшти дека економскиот совет на СДСМ дефинира нов пакет мерки за заживување на економијата. Тој истакна дека партијата презема чекори во насока на стабилизација на економијата, а потоа и брзо враќање на растот и развојот на македонската економија.

-Во духот на солидарноста, социјалната еднаквост и праведност, грижа за секое работно место и секој работник, напиша Заев.

Вчера со соопштение во оваа насока се огласи и Центарот за комуникации на партијата од каде потенцираа дека мерките кои ќе бидат предложени до Владата се со цел полесно надминување на економските последици од коронавирусот, земјата навреме да може да фати чекор за заживување на македонската економија.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот