СДСМ ќе го поддржи разрешувањето на Јанева, но не за незаконско, туку за нестручно и несовесно работење 

Пратениците на СДСМ на утрешната собраниска седница ќе го поддржат разрешувањето на Катица Јанева, но, не за незаконско, туку за нестручно и несовесно работење, рече премиерот Зоран Заев во вечерашното интервју за ТВ „Сител”.

-Толку е нелогично тоа дека во „Рекет” некој бил вмешан од блиските луѓе на Заев и затоа не се разрешува Катица Јанева, едно со друго нема „блага врска”. За Собранието да не ги кочи постапките на барање на Советот на обвинители, тоа ќе постапи. Нашето укажување и писмено го дадовме, дека ќе дадеме поддршка во Парламентот, но не за незаконско, туку за нестручно и несовесно работење, истакна Заев.

Според него, мандатот на Јанева истекува на 15 септември, а Собранието не смее да биде причина и пречка на постапката.

Заев повтори дека тој го пријави случајот „Рекет”, а Обвинителството е целосно ослободено и постапката се води максимално транспарентно.

– Сакам постапката да заврши час поскоро. Граѓаните сакаат да ги знаат одговорите. Постојат закони во државата и треба да се постапува по нив. Јас сум задоволен зашто веќе нема влијание врз правосудтсвото, потенцира премиерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот