СДСМ ја претстави програмата за лицата со попреченост

Дел од лицата од овие организации изразија огромна благодарност на досегашните напори на оваа влада за нивните потреби и барања, како што се отворањето на рехабилитационен центар при сојузот на слепи на Македонија, каде се учи брајевото писмо и се работи на целосна инклузија на овие лица, информираат од СДСМ.

Претседателот на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ Милан Живковиќ денеска во рамките на организацијата на националниот сојуз на глуви и наглуви на Македонија, националниот совет на инвалидски организации на Македонија и националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија учествуваше како претставник од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија со цел да ја претстави целосно инклузивната политичка платформа на партијата и заложбите кој како партија ќе ги имаме за овие лица во наредните четири години.

„Како СДСМ и коалиција Можеме навистина ни е мило што ја имаме поддршката од националните сојузи на лицата со попречености, социјалдемократијата значи солидарност и почитување на различностите. Донесовме реформски закон за социјална заштита кои овие организации го бараа со целосна нивна вклученост. Покажавме дека можеме подобро и дека можеме повеќе” рече во изјавата претседателот на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ, Милан Живковиќ.

Живковиќ потенцираше дека СДСМ во изминативе 3 години со дела покажа дека гради едно општество за сите, и дека на истиот правец ќе продолжиме и во наредните четири години.

Дел од лицата од овие организации изразија огромна благодарност на досегашните напори на оваа влада за нивните потреби и барања, како што се отворањето на рехабилитационен центар при сојузот на слепи на Македонија, каде се учи брајевото писмо и се работи на целосна инклузија на овие лица, информираат од СДСМ.

„Многу ме радува што за прв пат Владата и СДСМ покажаа една целосна инклузивност, и поради тоа сите инвалидски организации денес сме тука да ја поддржиме програмската заложба на СДСМ која најави дека во 2021 година ќе имаме за 15% покачување на додаток за сите лица со попреченост” потенцираше Томица Стојановски, претседател на сојузот на глуви и наглуви на Република Северна Македонија. Стојановски посочи дека навистина му е драго што СДСМ својата програмата ја направи да биде достапна и видлива за сите лица, вклучително и ние како глуви лица, како и за слепите лица.

Стерија Димов од националниот совет на инвалидски организации на Македонија посочи дека Владата во изминатиот период покажа дека не стави во приоритетите на нивните заложби. Заедно и во наредниот период со СДСМ и коалицијата ќе продолжиме да градиме инклузивно општество, еднакво за сите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот