СДСМ: Изборите во 2014 година ги украде Груевски, обвинителството не презело ништо против Заев

сдсм лого
Лого СДСМ

Во партиското соопштение се додава дека објавените „бомби“ покажале како ВМРО-ДПМНЕ правеле изборни кражби, преку, како што се наведува, штанцање лични карти, кражба на изборни материјали, гласање на починати лица.

ВМРО-ДПМНЕ нема ништо освен фабрикувани случаи од времето на режимот и заробената држава кога Зоран Заев им беше главна мета на измислици и монтирани случаи, реагира СДСМ кон обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ за изборен криминал во Струмица, темелени врз објавата на италијанска „Ла Верита“ дека обвинителството пред 5 години прибрало докази за купување на гласови во Струмица, во што, според весникот, биле вклучени Заеви и други функционери на локално ниво.

– Не само што изборите во 2014 ги украде Никола Груевски, туку и обвинителството под целосна контрола на ВМРО-ДПМНЕ не презело никакви дејствија. Наводите дека Зоран Заев бил вмешан во изборни нерегуларности во 2014 година им паѓаат во вода, затоа што ако навистина било така обвинителството под контрола на ВМРО-ДПМНЕ веднаш ќе го процесирало. Изборите во 2014 година се симбол на изборните кражби на ВМРО-ДПМНЕ и почеток на политичката криза која заврши со пад на Груевски“, велат од СДСМ.

Во партиското соопштение се додава дека објавените „бомби“ покажале како ВМРО-ДПМНЕ правеле изборни кражби, преку, како што се наведува, штанцање лични карти, кражба на изборни материјали, гласање на починати лица…

– Денес, ВМРО-ДПМНЕ преку медиуми блиски до нив, со силни конекции со кадрите на ВМРО-ДПМНЕ како Андреј Лепавцов и Ѓорге Иванов, очајно се обидува да конструира непостоечки случаи. ВМРО-ДПМНЕ ги загубија последните локални и претседателски избори и ќе ги загубат и предвремените парламентарни избори“, порачуваат социјалдемократите.

Инаку, претходно ДПМНЕ обвини дека Заев со посебни истражни мерки во 2014 година е снимен како заедно со неговиот брат Вице Заев организираат злосторничко здружение за изборен криминал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот