СДСМ: Инвестициите во МВР резултираат со значителен пад на криминалот и корупцијата

СДСМ
СДСМ / Фото: МИА

Одговорниот и транспарентен пристап на СДСМ ја трансформираше полицијата во вистински заштитник на граѓаните, велат од СДСМ.

– Во континуитет инвестираме во подобрување на условите за работа, што придонесува денес да имаме високо мотивирана полиција која ефикасно и неселективно се справува со секој вид на криминал.

За овие четири години реконструирани се 58 објекти на Министерството за внатрешни работи, а изградени и во фаза на градба се неколку објекти за потребите на МВР.

Континуирано се вложува и во набавка на нова опрема. Само во овој период набавени се 8.000 чевли, нови униформи за единицата за брзо распоредување и интервентната полиција, набавени се 40 нови дрегери, како и нови радарски системи.

Сите овие инвестиции придонесуваат за поефикасна работа на полицијата и намалување на стапката на криминалот.

Во првото полугодие од оваа година бележиме пад на криминалот за 10,8 отсто споредено со истиот период лани.

Овој ефикасен пристап резултира со постојан раст на довербата на граѓаните кон полицијата која денес е вистински чувар на законите и правниот поредок, стои во нивното соопштение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот