СДСМ и ВМРО да размислат за широка коалиција, предлага Кржаловски

Политичкиот аналитичар Александар Кржаловски, откако Зоран Заев најави оставка од лидерската позиција во СДСМ и премиерската функција по тешкиот пораз на локалните избори, оцени дека следуваат паралелни процеси на прегрупирање во СДСМ и избор на нов премиер од СДСМ или друга партија.

„Изборот на нов премиер значи дека ќе се гласа за доверба на нова влада. Заев е убеден дека мнозинството е во рацете на СДСМ, па сега треба да се види дали е така или ќе се формира ново мнозинство. Ќе видиме следните денови, се отвори простор за тоа“ рече Кржаловски во вечерашното гостување на МРТВ.

Тој додаде дека по ланските парламентарни избори, се пропуштила шанса да се формира големо мнозинство со двете големи партии, за што, според него, треба да се размисли во сегашната ситуација.

„Зошто се нарекуваат непријатели кога може да размислат за коалиција. Кога Меркел можеше 3-4 мандати да коалицира со германските социјалдемократи, зошто кај да не се направи широка коалиција од неколку големи партии, особено во очекување на голема криза што ни претстои“, посочи Кржалоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот