СДСМ: Големи се хипотеките на Мицкоски кон Камчев, затоа рипна да го брани

На виделина исплива она што јавноста многу добро го знае, спрегата на Христијан Мицкоски со тајкунот на режимот, осомничено лице сега во притвор, Орце Камчев. Тоа што Мицкоски рипна да го одбрани Камчев, покажува дека очигледно големи се  неговите хипотеки кон Орце. Му го додели Тони Менконоски, близок соработник на Мицкоски и претседател на правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во партиското соопштение од СДСМ. 

-Менкиновски, беше главен „преговарач” на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ во разговорите за Законот за јавно обвинителство. За целиот тој процес, Мицкоски, Менкиновски и ВМРО-ДПМНЕ правеа сѐ за да пропаднат случаите на СЈО отворени пред македонските судови и да се спасат криминалците на режимот. Самиот Мицкоски во една јавно објавена снимка потврди дека е единствен којшто се бори против случајот Империја и против Законот за Јавно обвинителство, додаваат оттаму. 

Според нив и покрај тоа што Камчев е осомничен во предмет каде што пари од касата на ВМРО-ДПМНЕ се одлевале за Никола Груевски да купи плацеви на Водно, Мицкоски упорно е на негова страна.

-ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски, не си ги бара парите 1,3 милиони евра, наводно украдени од донации за партијата, како што е наведено во предметот, туку го брани Камчев. На оваа партија, очигледно поважен и е Орце Камчев отколку сопствените финансии. Докажаниот губитник Мицкоски, не успеа да го спречи носењето на Законот за јавното обвинителство, не успева ниту да ги одбрани криминалците во своите редови. Правдата е тука, секој што го прекршил законот, мора да одговара и одговара пред законите, стои во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот