СДСМ: Финансиска поддршка од 17.2 милиони евра за 400 компании за зголемување на продуктивноста

Владата предводена од СДСМ реализира мерки и политики,  за поддршка за домашната економија во пандемијата со коронавирусот.

Во рамките на третиот пакет мерки за помош и поддршка на екомијата обезбедуваме финансиска поддршка за зајакнување на конкурентноста наменета за приватниот сектор за компании од преработувачката индустрија, трговијата и ИТ секторот, кои и во кризна ситуација продолжија да работат и да инвестираат, велат од партијата.
Преку оваа мерка 400 компании, кои веќе имаат започнато инвестициски циклус или ќе инвестираат во текот на 2021 година, ќе добијат финансиска поддршка во износ од 17.2 милиони евра.  Станува збор за инвестиции што се реализираат во периодот од март 2020 година до декември 2021 година, а вкупната инвестиција на избраните компании е проценета на 89 милиони евра.
Со ова се поттикнува зголемувањето на продуктивноста на компаниите, модернизација на процесите, зајакнување на конкурентноста, со крајна цел отворање на нови работни места и задржување на постојните. СДСМ, како одговорна партија, креира и реализира политики што значат силна поддршка на домашната економија, помош за секој граѓанин погоден од кризата, додаваат оттаму.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот