СДСМ: Економските политики на Владата даваат резултат – јавниот долг се намалува, растат платите

Денари
Денари / Фото: МИА

Владата предводена од СДСМ постојано презема ефикасни политики кои обезбедуваат македонската економија да биде стабилна, развојна и динамична, да креира услови за економски раст и унапредување на животниот стандард на граѓаните, велат од СДСМ.

– Во целост е исплатена еврообврзницата од 2014 година, за која државата досега на годишно ниво плаќаше 20 милиони евра само за камата.

Република Северна Македонија се раздолжи за 500 милиони евра за еврообврзницата, со што државниот и јавниот долг се намали за 4,358 процентни поени.

Буџетот е ликвиден, приходите од почетокот на годината бележат раст од 15,6 отсто во однос на истиот период лани, а расходите се реализираат редовно и навремено.

Официјалните податоци говорат дека економските мерки и политики на Владата предводена од СДСМ ги даваат очекуваните резултати.

Просечната плата за месец мај годинава изнесува 28.721 денари. Таа во споредба со просечната плата од јуни 2017 година, која била 22.808 денари е зголемена за 5.913 денари, односно за 25,93 отсто.

Паралелно бележиме и раст на извозот, рекордна економска активност и во Индустриските зони и историски пад на нивото на невработеноста.

Како одговорна, социјалдемократска партија продолжуваме со мерки и политики кои градат силна и развојна економија која носи шанса за сите, стои во соопштението на СДСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот