СДСМ: Единствената цел на губитникот Мицкоски е да ја закочи државата, да го закочи напредокот, но и овојпат нема да успее

Фото: СДСМ

Губитникот Христијан Мицкоски е осамен и изолиран во сопствената хистерија, во сопствениот очај, со најава за некакви блокади на институциите покажува дека единствената битка што ја води е како да си ја сочува партиската фотелја, а не како да и помогне на државата, реагираат од СДСМ.

„Единствената цел на ВМРО-ДПМНЕ предводено од губитникот Мицкоски, да ја закочи државата, да го закочи напредокот, членството во ЕУ.

Тоа се гледа на секој негов таканаречен протест, каде се појавуваат се помалку граѓани.
Пред нив, Мицкоски го навреди целиот македонскиот народ е хистеричен.

Но, граѓаните воопшто не се хистерични. Одамна го препознаа лажниот патриотизам на ВМРО-ДПМНЕ и три пати по ред ги поразија поради антидржавно и антиевропско дејствување кое е на штета на државните и националните интереси.

Граѓаните застанаа зад СДСМ, избраа европска иднина, избраа да носат храбри одлуки, кои конечно ја движат македонската држава и целиот македонски народ кон исполнување на стратешките цели, со зачуван македонски идентитет“, соопштија од СДСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот