СДСМ: Долгогодишниот сон на штипјани станува реалност, довербата ќе ја дадат на доктор Николов

Доктор Сашко Николов е олицетворение на чесната понуда на СДСМ за овие предвремени локални избори во општина Штип. Во изминатите години Николов се профилираше како млад и квалитетен кардиолог, основач на штипскиот Оддел за интервентна кардиологија. Во краткиот период додека ја извршуваше функцијата пратеник во Собранието, Николов покажа како се работи посветено и одговорно во интерес на граѓаните и државата, велат од владејачката партија СДСМ.

-Нема сомнеж дека така ќе продолжи и како градоначалник, посветено да работи во интерес на Штип и неговите граѓани. Во фокусот на програмата на Николов е инфраструктурата, а истовремено и обезбедување на еколошки здрава и чиста животна средина, грижа за сите граѓани подеднакво, подобри услови за учениците во училиштата, за најмалите во градинките, како и грижа за највозразните сограѓани, пензионерите. Следува забрзана реализција на капитални проекти важни за Штип и неговите граѓани. Долгогодишниот сон на штипјани станува реалност. Обезбедени се средства од Влада на Република Северна Македонија за започнување на изградба на брана на река Отиња, проект од историска важност за Штип. За поголема безбедност на граѓаните и растоварување на сообраќајот и подобар проток, на левата страна од река Отиња ќе се изградат пешачки конзоли- велат од СДСМ.

Од власта најавуваат дека следува гасификација преку изградба на 20 километри гасоводна цевка до Штип.

-Во изминатите три години СДСМ покажа што значи вистинска грижа за граѓаните на Штип. Сашко Николов ќе продолжи како градоначалник, посветено да работи во интерес на Штип и неговите граѓани. Со Николов како градоначалник продолжуваат успешните политики во општина Штип. На 13 декември на безбедни избори граѓаните ќе ја дадат довербата на доктор Николов за да продолжи развојот на Штип- велат оттаму.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот