СДСМ: Додека сите се борат против коронавирусот, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ги саботираат мерките

СДСМ фото архива на Слободен печат
СДСМ утрово реагираше со соопштение на обвинувањата испратени од ВМРО-ДПМНЕ.
– За Владата предводена од СДСМ приоритет е заштита на здравјето на граѓаните во услови на глобална пандемија, затоа воведе 30-дневна кризна состојба на територијата на целата држава за да ги мобилизира сите капацитети  за заштита на јавното здравје и спречување на ширењето на заразата со коронавирусот. Од друга страна опозициската ВМРО-ДПМНЕ не најде за потребно во изминатите осум месеци да покаже конструктивност и да ги поддржи напорите за справување со кризата, која зема замав низ цела Европа. Напротив, ВМРО-ДПМНЕ од почетокот на пандемијата со коронавирусот се однесува деструктивно, ги поткопува сите напори на здравствениот систем и на институциите за справување со кризата, во очајни обиди политички да профитира ги злоупотребува починатите и нивните најблиски и бара оставки. Прв што треба да си даде оставка е токму губитникот Христијан Мицкоски и да замине од белиот дворец, тоа три пати по ред му го порачаа граѓаните кога го поразија на избори. Лицемерен и недоследен Мицкоски, глуми загриженост за здравјето на граѓаните, а всушност се грижи како да си ја задржи фотелјата. Наводно загрижен за здравството, преку негов кадар во преодната влада кочеше заем за опремување на здравствените установи, си одеше во теретана и во кафана кога беше забрането, им лепеше партиски етикети на лекарите и ги плашеше граѓаните дека нема доволно тестови и заштитна опрема. ВМРО-ДПМНЕ преку својот висок функционер Вело Марковски, кој смета дека ковид-19 е некаков безопасен вирус, па дури и дека не треба да се носат маски, свесно поттикнува на непочитување на мерките, кои масовно се прекршуваа и на нивните собири. ВМРО-ДПМНЕ ги саботира сите мерки и напори за спречување на ширењето на вирусот. Мицкоски е неодговорен и незрел политичар опасен по здравјето на граѓаните и затоа уште долго ќе остане во опозиција, соопштува СДСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот