СДСМ до Љутков: Универзална сала е преземена законски, Министерството за култура треба да ја реконструира
Преземањето на Универзална сала е спроведено законски и реконструкцијата мора да ја направи Министерството за култура – вака од СДСМ му одговорија на министерот за култура Зоран Љутков, кој вчера обвини дека не се знае под чии владение е Универзална сала.
– Целокупната постапка за Универзална сала е спроведена низ соодветни законски процедури. Врз основа на овие законски постапки, одлуките на Советот на Град Скопје и на Владата е донесена и одлука за финансирање на реконструкцијата на овој објект, велат од СДСМ.
Вчера министеррот за култура обвини дека постапката за преземање на Универзална сала била незаконска и нелегална, но вети дека до 2028 година, кога Скопје ќе биде Европска престолнина на културат,а а токму Универзалната сала институција-носител на овој проект, градот повторно ќе го добие своето архитектонско обележје.
На 9 април годинава, универзална сала ја зафати голем пожар, само еден месец откако продолжија градежните работи за реконструкција, по пауза од две години.