СДСМ до Дурловски: Што точно сакаш да градиш, пат врз постоечкиот пат?

СДСМ реагираше денес на кампањата на кандидатот за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Игор Дурловски прашувајќи го – каде ќе гради пат, таму каде што СДСМ веќе изградија?

Срамно е што Дурловски претендира да ги претставува жителите на својот роден град Битола а притоа да не ја познава основата на својата така наречена програма.

Што точно Дурловски сака да гради? Пат врз постоечкиот пат? Патишта кои ние за само три кратки години ги изградивме и рехабилитиравме? Од што ќе ги градиш Дурловски овие фиктивни патишта? Од провизијата од 200.000 евра за упад во собранието и обид за убиство на пратеници?

Јавноста заслужува одговор на овие прашања! Ти претендираш да ги застапуваш граѓаните во македонското собрание. Или таму си за секој случај?

Дозволи да те потсетиме ние што направивме:

Изградивме и рехабилитиравме 7 патни правци, во должина од 38 км, во вредност од 4,322,601 евра.(Битола –Новици, Обиколница на Битола, Р1101 Кл. Крклино-Влез Битола-Братин Дол, Лозани-Вашерејца, Бистрица – Драгош, Скочивар-Коњарка, Битола-Демир Хисар)

Тампонирање на улици во с.Кишава, уредување на улици и пат до црквата во с.Драгарино, Кикуречани, Раштани, Крклино, Драгарино; Санација и реновирање на улиците во с.Поешево, Логоварди; санирање на полски патишта во с.Габалавци; осветлување и асфалтирање на улиците во Г.Оризари.

Реконструкција на 14 улици во АРМ 1 и АРМ 2 во вредност од 155,000,000 денари. Асфалтирање на улица Широка во вредност од 3,300,000 денари. Асфалтирана улица Леринска во вредност од 2,500,000 денари. Реконструкција на дел од Бул. Први Мај – нов коловоз и водовод и канализација со вкупна вредност од 3,397,444 денари) ,

Имаме и 43 проекти во тек (поплочување на пешачки патеки, сообраќајна сигнализација, тротоари, реконструкција и поправки на улични коловози, мостови и полски патишта во рурални средини).

Ова е затоа што знаеме и можеме. Што можеш ти Дурловски?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот