СДСМ: Дали Силјаноска гласаше против Фазлиу затоа што во парламентот треба да влезе Албанец?

Со гласањето против верификацијата на мандат на пратеникот Бедри Фазлиу, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Сиљановска денеска во Собранието направи скандалозен преседен во историјата на македонската демократија, чин директно спротивен на демократската волја на граѓаните, реагираат од владејачката партија СДСМ.

-Неодговорно, антидржавно и крајно опасно е пратеник во Собранието да гласа против верификација на мандат освоен на фер и демократски избори и потврден од Државната изборна комисија, при тоа очајно правдајќи се дека се збунила. Тоа е незериозен и аматерски однос кон Собранието, кон пратениците и кон граѓаните. Дали Сиљановска гласаше против само затоа што во парламентот треба да влезе граѓанин Албанец или свесно отиде против волјата на граѓаните изразена на фер, слободни и демократски избори?- запрашуваат од СДСМ.

Пратеничката Гордана Силјановска Давкова, појаснуваат до ВМРО-ДПМНЕ, не гласаше против верификацијата на мандатот на пратеникот Бедри Фазлиу, туку против процедурата по која СДСМ тоа го прави, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ повторно лаже и ја манипулира јавноста, ги крши законите и спротивно на Деловник верификува мандати

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот