СДСМ Битола: Хакери од ВМРО-ДПМНЕ ги пробиле службените компјутери на наши советници

Фото: ТВ Тера / принтскрин

Локалната власт во Битола предводена од ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот, го сруши интегритетот на Советот на Општина Битола, рече на денешната прес-конференција координаторот на советничката група на СДСМ Битола, Методија Илиевски.

„Постојат индиции за основано сомнение за извршен упад во службените компјутери на неколку советници од СДСМ и коалицијата. Погазена е приватноста на советниците, загрозена е нивната работа како народни избраници и уништена е назависноста на Советот на општината како институција“, вели Илиевски, според локалната телевизија Тера.

Советничката група на СДСМ и коалицијата поднела пријава во Основното јавно обвинителство и во Министерството за внатрешни работи против непознати лица поради постоење индиции за основано сомнение за извршен упад во службени компјутери кои советниците ги добија од општината.

„Очекуваме за многу брзо да се откријат сите детали од оваа афера која потврдува дека кај ВМРО-ДПМНЕ ништо не се променило. Оваа партија кога и да е на власт ги користи методите на работа од времето на Никола Груевски. Шпионирање, прислушување, шиканирање на политичкиот противник било и очигледно сѐ уште е начинот на кој работи ВМРО – ДПМНЕ. Градоначалникот на Општина Битола, неговиот заменик и претседателката на Советот веднаш да понесат одговорност и да соработуваат со сите надлежни институции со цел да се открие нарачателот и извршителот. Само така ќе овозможат истрагата да ги открие налогодавачите и извршителите на ова тешко кривично дело“, рече Илиевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот