СДСМ бара одговор: Арсовска не одговара дали таа е градоначалникот кој комуницирал со Груевски

Фото: СДСМ

Откако поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство во Унгарија објави дека редовно комуницира со градоначалниците од ВМРО – ДПМНЕ, од СДСМ прашуваат дали тоа Груевски контактира и со градоначалничката на Скопје Данела Арсовска.

-Данела Арсовска цел ден не одговора дали таа е градоначалникот кој комуницирал со Никола Груевски. Данела е иста како Христијан Мицкоски, таа молчи за Груевски. Осудениот криминалец во бегство Никола Груевски самиот објави дека е во редовна комуникација со градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, стои во соопштението од Центарот за комуникации на СДСМ.

Според партијата „очигледно е дека оваа партија и натаму е контролирана од Будимпешта,  очигледно е дека дури и градоначалници му реферираат на Груевски“.

-ВМРО-ДПМНЕ е партија која не се менува, неработењето и трошењето пари на партиски вработувања од страна на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ е доказ дека оваа партија нема намера да се помести од режимската матрица, реагираат од СДСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот