СДСМ бара од Мицкоски да им се извини на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ тврди дека Заев ја убил демократијата

Заев и Мицкоски
Зоран Заев и Христијан Мицкоски/ Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Владејачката партија СДСМ соопшти дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со денови ја лажел јавноста дека има 61 глас за ново мнозинство во Собранието и гласање недоверба на Владата.

„Вчера тој меур од лаги се распрсна уште на почетокот на седницата во Собранието. Очаен од поразот, Мицкоски вчера ширеше невистини за наводно киднапрање на пратеник, а истиот пратеник јавно објави дека бил под закани токму од опозицијата“ велат во соопштението на СДСМ.

Од СДСМ тврдат дека Мицкоски поради „пустата желба за власт седнал на иста маса со анти НАТО и анти ЕУ структури“. Тие го обвинуваат лидерот на опозицијата дека е вината е само негова и тој не треба да ја префрла на други.

„Народот повторно е излажан од Христијан Мицкоски и затоа наместо да шири невистини, Мицкоски треба да се засрами, да излезе и да им се извини на граѓаните, а потоа и да си даде оставка“ велат од СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека требало да се киднапира пратеник за опстојување на владата

„Требаше да киднапираат пратеник само за да опстои владата, Заев е најлошото за Македонија. Власта не покажа дека има мнозинство, владата на Заев е единствена која немаше пратеници да ја бранат.“ се вели во соопштението на опозицијата.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека Заев вчера „ја убил демократијата во државата и дека нивната влада е делегитимирана“.

Тие тврдат дека „губитникот Заев“ има само 59 пратеника плус еден киднапиран пратеник.

„Со недемократски методи на владеење ќе тонеме на листите на релевантните меѓународни институции“ велат од партијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот