СДСМ: Арсовска заради лични каприци поништи оглас со кој требаше да се вработат 20 нови пожарникари

данела арсовска
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

„Данела Арсовска работи против интересите на Градот Скопје и на граѓаните. Арсовска, заради лични каприци поништи јавен оглас кој беше на крајот од процедурите и со кој требаше да се вработат 20 нови пожарникари во Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје“, соопштија утрово од СДСМ.

-Иако е евидентен недостигот на пожарникари во Град Скопје, деструктивната Арсовска го спречи вработувањето на пожарникарите, со што ја загрозува општата безбедност на градот и граѓаните. Во изминатите четири години Град Скопје, раководен од СДСМ, сериозно инвестираше во унапредување на условите за работа на пожарникарите.

Платата на пожарникарите се покачи за 20 отсто, а беше инвестирано во нова современа опрема за поголема заштита и поефикасна работа на пожарникарите.

Данела Арсовска пред граѓаните го разоткрива своето режимско лице и покажува дека работи исклучиво за лични и партиски цели“, соопштија оттаму.

Јанчева: Арсовска го поништи огласот со кој требаше да се вработат нови 20 пожарникари

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот