СДСМ: Апсурдно е ВМРО-ДПМНЕ да протестирa против неправда

Нема поголем апсурд од тоа ВМРО-ДПМНЕ, симболот на политичкото насилство и реваншизам, да организира таканаречени протести против неправдата, се огласија денесека од владејачката парттија коментирајќи за протестот што опозицијата ќе го одржи вечерва, а кој е втор против неправда, реваншизам и политичко насилство, реагираат од владејачката партија СДСМ на вечерашниот протест на ВМРО-ДПМНЕ.

-Денеска, против неправда ќе протестира Христијан Мицкоски, потрчкото на оној што нарачуваше шамари во Центар. Денеска против насилство ќе протестираат губитникот Мицкоски и неговите приврзаници , истите оние кои учествуваа во насилството на 27 април. Оние кои не само што што не го осудија насилството, туку насилниците ги величаат и ги нарекуваат уставобранители.
Против кого ќе протестира денеска губитникот Мицкоски? Против осудените насилници Никола Груевски, Митко Чавков, Игор Југ, Горан Ѓошевски и Мунир Пепиќ“- реагираат од СДСМ .

Според владејачката партија, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се уште се заглавени во режимско-насилничка матрица.

„Наместо оставка од Мицкоски, како што вети, тој продолжува да организира лицемерни протести кои служат само за спас на неговата фотелја во белиот дворец. Очајно и лицемерно е однесувањето на Мицкоски. Граѓаните знаат дека тој освен одбрана на криминал не може да понуд ништо друго и затоа три пати губи на избори и затоа останува уште долго во опозиција“, нагласуваат од СДСМ.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, пак, и денеска, преку својот фејсбук профил повика на масовност на вечерашниот протест.

Пред неколку дена ВМРО-ДПМНЕ го одржа последниот од серијата тематски протести, кој, исто така, беше посветен на неправдата и политичкото насилство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот