СДСМ: Анти-ЕУ Мицкоски може веднаш да си даде оставка, референдумот е за негова лична внатрепартиска употреба

СДСМ партиска зграда Фото: "Слободен печат", Драган Митрески

Од владејачката СДСМ денеска реагираа на најавата на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека ќе ја напушти политиката ако некој пратеник од неговата партија гласа за уставните промени за внес на Бугарите во Преамбулата, Соопштениетогопренесувамево целост:

 

Христијан Мицкоски да не чека, може веднаш да си даде оставка и да ја напушти политиката, откако му пропаднаа сите обиди да ја закочи и да ја дестабилизира државата.

Мицкоски, кој самиот се прогласи за анти-ЕУ политичар, уште еднаш потврди дека референдумот кој го најавува, а за кој не ја знае ниту формата, ниту прашањето, му е само за внатрепартиска и лична употреба.

Барањата за референдум против македонскиот јазик на Мицкоски уследија откако му потонаа сите обиди да ја закочи државата, да ја блокира европската иднина, со крвавите сценарија за дестабилизација и предизвикување етнички конфликт.

Мицкоски работи на штета на државните и националните интереси, не може да се помири што почнавме преговори со ЕУ, со заштитен македонски јазик во Унијата и заштитени идентитетски, културни и јазични посебности на македонскиот народ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот