СЦ „Јане Сандански“ во изборот за најдобар ракометен храм во Европа!

РК Вардар 1961, двократен европски шампион/Фото: РК Вардар

Спортскиот центар „Јане Сандански“ – Скопје се најде во изборот на Европската ракометна федерација за најдобар ракометен храм во Европа.

ЕХФ направи избор од 11 ракометни сали ширум Европа кои конкурираат за најдобра на Стариот континент. Помеѓу нив се најде и арената каде настапува актуелниот европскиот шампионм, Вардар 1961.

Доколку сакате да гласате за СЦ „Јане Сандански“, тоа можете да го направите на следниот линк ТУКА

Македонците сакаат ракомет и тие ги бодрат нивните клубови до самиот крај. Арената во Битола и А1 Арена „Борис Трајковски“ во Скопје, домот на репрезентацијата и претходно на Металург, се традиционални тврдини, но со инвестицијата во салата на Вардар, „Јане Сандански“, атмосферата се искачи на нови височини.

Машкиот и женскиот тим на вардар имаат нов дом, а навивачите прават неверојатна атмосфера. „Нема да разберете ниту еден збор од тренерот“ е честата изјава од гостинските клубови – пишува ЕХФ за СЦ „Јане Сандански“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот