СЦ „Борис Трајковски” се опремува со пристапни објекти за деца со аутистичен спектар на нарушување

Фото: МИА

Асоцијацијата за правата на децата и младинци со посебни потреби „Ластовица Скопје”, во соработка со ПОУ „Златан Сремец” го започна проектот „Инклузивен град – пристапни објекти за младите со аутистичен спектар на нарушување“ под покровителство на град Скопје, во спортскиот центар „Борис Трајковски”.

– Преку визуелна поддршка на овие лица во објектите, идејата е создавање на инклузивен град кој првенствено реагира на потребите на едни од најранливите граѓани, кои се соочуваат со низа бариери додека ги користат јавните места, услуги и информации. Целта на овој проект е создавање чувство на еднаквост преку достапни услуги и пристапни објекти за лицата со аутистичен спектар на нарушување на територија на град Скопје, соопшти СЦ „Борис Трајковски”.

Во рамки на акцијата, СЦ „Борис Трајковски” се опреми со визуелни материјали изработени за потребите на оваа категорија на лица, а и сите посетители кои ќе имаат потреба од ваков вид поддршка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот