СЦ „Борис Трајковски“ нема да работи 14 дена

Спортскиот центар „Борис Трајковски“ нема да работи следните дена во согласност со мерките од Владата за спречување на ширењето на коронавирусот.

„Согласно последните издадени забрани за одржување на сите собири на отворено и затворено од Комисијата за заразни болести и Министерство за здравство, се известуваат сите корисници на содржините на Спортскиот Центар „Борис Трајковски”, дека од 11.03.2020 , па во наредните 14 дена, истиот нема да работи.

Спортските настани во наредните 30 дена ќе се одржуваат без публика“, соопштија од СЦ „Борис Трајковски“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот