Зошто „Боемска Рапсодија“ не прикажа сè за Фреди Меркјури?

408

Рами Мелек застана на страната на креаторот на филмот „Боемска Рапсодија“ за одлуката дека филмот треба да се фокусира на кариерата на Фреди Меркјури и подемот на групата Квин, наместо да се занимава со последните денови на пејачот и неговите интимни врски.

Мелек на прашање на магазинот „Холивуд Репортер“ за останатите членови на групата Квин, рекол дека тие имале желба да ја пренесат целата приказна за Фреди, но имале само два часа.

-Знам дека членовите на групата Квин сакаа да го овековечат целиот живот на Фреди и вложија големи напори ова да не биде прост хедонистички филм, изјави Мелек.
Актерот истакнал дека сите членови сакале што повеќе да ја прикажат врската на Фреди со Џим Хатон.

-Таа врска беше апсолутно прекрасна и да се прашував јас ќе додадев уште еден час во филмот и ќе ги потполнев празнините, истакнал актерот и додал дека никогаш нема да може да се направи доволно совршена приказна за човек како Фреди. Тој уште додал дека е свесен дека ќе има многу различни погледи на филмот.

Сепак, критичарите се сигурни дека оживувањето на музичката легенда од страна на Мелек е извонредно, а тоа е особено впечатливо на специфичните движења на пеачот, кој младиот актер совршено ги интерпретираше.

Како што појасни актерот, одредени работи се избегнати како филмот би се фокусирал на познатиот концерт на Лајв енд, кој според мислење на многу луѓе е одлично интерпретиран во филмот.