Заврши ерата на Кит Харингтон

271

За популарниот актер Кит Харингтон, зимата дојде но и замина. Актерот кој го играше ликот на Џон Сноу, неодамна за ББС, изјавил дека си оди од хит серијата на ХБО и го „остава“ карактерот со кој стегна многу слава.

Иако снимањето на осмата и последна сезона од „Игра на тронови“ беше емоционално, актерот рекол дека не бил потресен за завршетокот во јуни.

-Дефинитивно беше емоционално да се напушти работата, но јас не би рекол дека бев тажен. Ако се вратиме на почетокот на серијата, тоа се скоро десет години. Тоа е невообичаено за актерска кариера, рекол Харингтон.

„Игра на тронови дебитираше во 2011 и стекна неверојатен успех. Харисон толку многу се прослави со својот лик, што кога беше убиен, во серијата, беше вратен. Серијата го спои и со колешката Роуз Лесли, со која и се ожени во јуни. И покрај сето тоа се чини и дека Харингтон и не жали многу за завршетокот на серијата бидејќи изјавил дека доколку би можело да се врати и да направи повеќе, не би го направил тоа.