Запознајте го Сами, близнакот на славниот Оскаровец: Рами вели дека не личат, иако никој не се согласува

187
Фото: Профимедиа

Американскиот актер со египетско потекло, Рами Малек, покрај со Оскарот, срцето на многумина го освои и откако го толкуваше ликот на легендарниот Фреди Меркјури, а зад себе има и уште неколку доста успешни улоги, како онаа од доста познатата серија „Господин робот“.

Меѓутоа, својата кариера Рами ја започнал во детството, кога глумел токму со својот брат близнак.

Братот близнак на Рами се вика Сами Малек, а Рами тврди дека тие не личат толку многу како што луѓето тоа го перцепираат.

„На почетокот изгледавме слично, речиси идентично. Со текот на годините тоа се менуваше, па не можам да се сложам дека си личиме толку како што велат луѓето“, изјавил Малек во едно интервју кога го прашувале за Сами.

Фото: Профимедиа

Сами Малек денеска е професор, а од братот е постар четири минути. Тие двајца имаат и постара сестра Јасмин.

Доаѓаат од скромно семејство, нивниот татко работел во осигурителна компанија, а нивната мајка е книговодител.