Вуди Ален бара 68 милиони долари од „Амазон“

Во својата тужба Ален наведува дека „Амазон“ одбиле да го објават неговиот филм „Дождлив ден во Њујорк“ (Rainy Day in New York), иако филмот е завршен уште пред шест месеци.

125
Профимедиа

Режисерот Вуди Ален поднел тужба против „Амазон студиос“ во износ од 68 милиони долари.

Во тужбата се наведува дека стриминг студиото одбива да го исполни својот дел од договорот за продукција на четири филмски наслови, поради наводното обвинение дека режисерот пред 25 години сексуално ја злоставувал својата ќерка Дилан Фароу, кое повторно излезе на виделина, со појавата на движењето #МеТоо во 2017 година.

Во својата тужба Ален наведува дека „Амазон“ одбиле да го објават неговиот филм „Дождлив ден во Њујорк“ (Rainy Day in New York), иако филмот е завршен уште пред шест месеци.

„„Амазон“ своето повлекување од договорот успеал да го оправда наведувајќи ја 25-годишната, неоснована тужба против Ален, но за тоа тврдење „Амазон“ знаеја многу порано пред склучување на договорот со режисерот. Наведените тврдења немаат основа за компанијата да го раскине договорот“, наведено е во тужбата.

Поради прекршување на договорените ставки од договорот, но и последниот договор со раководството на студиото, режисерот преку тужба бара минимална исплата од 68 милиони долари, со надоместок за адвокатските услуги и штети.